ДИМОВА, Катица

ДИМОВА, Катица (Бачко Градиште, Војводина, 19. Ⅵ 1938) – унив. професор. Завршила Висока школа за физичко воспитание во Белград (1962). На Факултетот за физичка култура во Скопје е избрана за виш предавач и редовен професор по предметот Танци со ритмичко-спортската гимнастика (1978–1989). Магистрирала на Медицинскиот факултет во Скопје (1977) на тема: „Компарација на објективните фактори утврдени со биомеханичка анализа кај брановите движења во ритмичко-спортската гимнастика и арбитерски оценки”. Докторирала на Факултетот за физичко воспитание во Белград (1983) на тема: „Утицај једногодишњег експерименталног програма ритмичкоспортске гимнастике на морфолошко-моторичке и естетске квалитете ученица основне школе од 7 до 8 г.”. Била судија на Олимписките игри во Сеул (Јужна Кореја, 1988) во ритмичко-спортската гимнастика. Објавувала стручни и научни трудови. Д. С.