ДЕЛЧЕВ, Никола,

ДЕЛЧЕВ, Никола, (Кољо) (Кукуш, 1844 – Горна Џумаја, 1920) – таткото на Гоце Делчев, од еснафско градско семејство. Бил меанџија, тргувал со жито и со стока (овци), поседувал земја во околината на Кукуш, произведувал сопствено вино и ракија, имал неколку стотини овци и сопствени мандра и пастрма. Бил активен во општествениот живот на Кукуш. Женет со Султана од с. Мурарци (Кукушко), имал 5 ќерки: Руша, Цоца, Тина, Лика и Елена, и 4 сина: Гоце (Ѓорѓи), Мицо (Димитар), Милан и Христо. По Балканските војни емигрирал во Горна Џумаја (Бугарија) и таму починал. ЛИТ.: Христо Андонов–Полјански, Гоце Делчев и неговото време, 1–6, Скопје, 1972. В. Ѓ. Христо Делчев