ГОРАЧИНОВА, Катерина Донева

ГОРАЧИНОВА, Катерина Донева (Скопје, 29. Ⅴ 1962) – фармацевт, редовен проф. на Фарм. ф. во Скопје, раководител на Институтот по фармацевтска технологија. Има објавено над 70 научни и стручни труда и над 30 соопштенија на симпозиуми и конгреси во и надвор од земјата. Раководител и учесник на научноистражувачки проекти. Автор на едно поглавије во „Фармакотераписки прирачник”. Л. П.-Т.