ГЛИГОРИЌ, Велибор

ГЛИГОРИЌ, Велибор (Рипањ, 28. Ⅶ 1899 – Белград, 3. Ⅹ 1977) – книжевен критичар и историчар. Дипломирал на Правниот факул-Велибор Глигориќ тет во Белград (1924) и потоа бил службеник во Министерството за трговија и индустрија. Во времето на Втората светска војна бил уапсен и депортиран во Германија. По Ослободувањето бил директор на Драмата, управник на Народното позориште и управник на Југословенското драмско позориште во Белград, редовен професор на Катедрата за југословенска книжевност на Филолошкиот факултет, редовен член и претседател на САНУ и член на МАНУ надвор од работниот состав (25. Ⅻ 1969). БИБ.: Критике, Београд, 1926; Лица и маске, Београд, 1927; Полемике, Београд, 1930; Књижевне магле, Београд, 1932; Српски реалисти, Београд, 1954; БиÊе позоришта, Београд, 1977. С. Мл. Киро Глигоров