ГЛАСНИК

ГЛАСНИК“ (Скопје, 1957) – научно списание од областа на историската наука, орган на Институтот за национална историја. Излегува во два до три броја годишно, а извесен број години и во еден број, избор, на светските јазици. Објавува статии, прилози, материјали (документи), библиографии, критика, рецензии, прикази и соопштенија, главно, од минатото на Македонија и македонскиот „Гласник” на Институтот за национална историја народ, од праисторијата до денес. Најбројни се прилозите од политичката историја и помал дел од воената, економската, културната историја, археологијата, хералдиката и сл. Во списанието соработуваат и голем број истражувачи од Европа и од светот. С. Мл.