ГЕНОВ, Милан Арсов

ГЕНОВ, Милан Арсов (Злетово, 1877 – Скопје, 1928) – фармацевт. Дипломирал фармација на Мед. ф. во Цариград (1900) и ја отворил една од првите стручни аптеки во Скопје со амбулаторија за лекарски прегледи и преврски на ранети четници. Често бил затворан од турската власт; во серијата убиства на интелектуалци убиен во својата аптека од месните власти. Л. П.-Т.