ВИЛОС, Емилијан

ВИЛОС, Емилијан (Битола, 10. Ⅲ 1931) – редовен професор на Техничкиот факултет во Битола (специјалност: техничка механика, јакост на материјалите). Дипломирал на Градежниот факултет во Скопје (1957). Истата година се вработил во Дирекцијата за исушување на Пелагонија во Битола. Бил на стручно усовршување во Франција од подрачјето на хидротехниката (1960). Избран е за професор на Вишата техничка школа во Битола (1961) и од 1975 до 1977 г. бил нејзин директор. Професор е на Техничкиот факултет во Битола од неговото основање (1978). Објавил повеќе трудови од теоријата на еластичноста и теоријата на осцилациите кај тврдите тела. Ав-тор е на учебници по Техничка механика и Јакост на материјалите. Член е на Друштвото за механика на Македонија и на Друштвото за наука и уметност во Битола. Гл. К. Од винарската визба „Тиквеш“ во Кавадарци