ВЕРСАЈСКИ МИРОВНИ ДОГОВОРИ

ВЕРСАЈСКИ МИРОВНИ ДОГОВОРИ (1919) – договори што произлегуваат од Версајскиот мировен договор што се однесуваат и на Македонија. На Мировната конференција на македонскиот народ не му било признато правото за самоопределување и за создавање самостојна држава. Со мировните договори била санкционирана поделбата на Македонија. Во Сен-Жермен (10. IX 1919) бил ВЕРСКИ потпишан Договорот меѓу Сојузничките и здружените сили на Антантата и новосоздадената Држава на Србите, Хрватите и Словен-ците со кој го добила таа држава покрај реокупираниот Вардарски дел од Македонија, анектиран од Србија по Балканските војни, и Струмичкиот крај. Во Неј (27. XI 1919) бил потпишан мировен договор меѓу Сојузничките и здружените сили со Бугарија. Со Договорот била санкционирана поделбата на Македонија меѓу Бугарија, Грција и Државата на Србите, Хрватите и Словенците, на Бугарија £ бил оставен Пиринскиот дел од Македонија. Со подоцнежната демаркација на границата меѓу Државата СХС и Албанија била завршена четворната подел2 ба: Грција добила 35.169 км , 2 Кралството СХС 25.774 км , Бу2 гарија 6.798 км , а помал дел добила Албанија. ЛИТ.: Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, Скопје, 1981; Историја на македонскиот народ, Скопје, 2000. М. Мин.