ВЕЛКОВ-ПЕПЕТО, Тодор

ВЕЛКОВ-ПЕПЕТО, Тодор (Кавадарци, 12. XI 1912 – Плачковица, 9. Ⅴ 1944) – ветеринарен лекар и национален деец. Завршил четврти клас нижа реална гимназија во родниот град, а потоа ја завршил Втората машка гимназија во Бел-град и Ветеринарниот факултет во Загреб (1931–1941). Бил еден од иницијаторите за формирањето на читалиштето во Кавадарци (1935), еден од основачите и истакнат активист на студентското Културно-просветно друштво „Вардар“ во Загреб, еден од иницијаторите за формирањето на организација на КПЈ во Кавадарци и собирањето Црвена помош (1936). Во големата партиска провала во Македонија (1937) бил уапсен и спроведен во Скопскиот затвор, но поради недостиг на докази, по 8 месеци бил ослободен. На парламентарните ибори (1938) активно го поддржал изборот на Илија Чулев како кандидат на Здружената опозиција. По Априлската војна (1941) бил ветеринар во Куманово и се вклучил во НОБ. Бил претседател на првиот илегален НОО на Куманово и борец на Кумановскиот НОПО (1944). Загинал во борба со бугарската војска. ЛИТ.: К(ирил) Миљовски, Триесет и три години од смртта на Тодор Велков, „Македонски ветеринарен преглед“, Ⅵ, 2, Скопје, 1977, 55–63; Јордан Цеков-Дане, Револуционерната дејност на д-р Тодор Велков-Пепето во 1941–1944 година во КумановоБеседа“, ⅩⅣ, 37-38, Куманово, април 1987, 110–120; Тиквешијата во НОБ. Зборник на паднатите борци и жртви на фашизмот од Кавадарско, Кавадарци, ѕ. а., 24. С. Мл.