ВАРНАВА, епископ

ВАРНАВА, епископ (Петар РосиÊ) (Плевља, Црна Гора, 29. Ⅷ 1880 – Белград, Србија, 23. Ⅶ 1937) – завршил Богословија во Призрен и Духовна академија и степен кандидат по богословија во С.-Петербург – Русија (1905). Во 1910 г. Синодот на Цариградската патријаршија го избрал за епископ на Велешко-дебарската епархија, со титула Главинички, прв епископ Србин на оваа епархија. Учесник во Балканските и во Првата светска војна. Бил Митрополит скопски (1920) и Патријарх српски (од 10. Ⅳ 1930). Во Македонија ја ширел српската пропаганда и ја спроведувал српската политика. ЛИТ.: Сава, еп. шумадијски, Српски јерарси од деветог до двадесетог века, Београд-Подгорица-Крагујевац, 1996. Рат. Гр.