БУЈАН, Вељко Јосипов

БУЈАН, Вељко Јосипов ( Новска, Хрватска 22. Ⅱ 1905 – Скопје, 22. Ⅴ 1972) – спец. по судска медицина, гинекологија и акушерство. Редовен проф. на Мед. ф. во Скопје, основач на Институтот за судска медицина и криминалистика и шеф на Катедрата (од 1952) с” до пензионирањето. Студирал медицина и дипломирал во Берлин, а докторирал во Грац. Истовремено, завршил и Правен факултет во Белград. Како врвен стручњак и одличен професионалец, создал фундамент на судската медицина и криминалистиката во Македонија. Бр. Н. – Сл. М. П. Александар Бујнов