БРАЈОВИЌ, Миодраг

БРАЈОВИЌ, Миодраг (Скопје, 1932) – професор на Технолошкометалуршкиот факултет во Скопје, научник и истакнат стопанственик од хемиското инженерство. Се школувал во Лесковац и во Скопје. Дипломирал на Технолошкиот факултет во Загреб (1955), магистрирал во Вирџинија, САД (1966), а докторирал на Универзитетот во Братфорд, В. Британија (1973). Повеќе специјализации и студиски престои. Работел во: Фабриката за сода во Лукавац, БиХ, Институтот за научни истражувања во индустријата на СР Македонија, Електрохемискиот комбинат „Билјана”> Скопје (главен инженер), Органско-хемиската индустрија „Наум Наумовски – Борче” (ОХИС) – Скопје (раководител на проектантско биро, директор на производство и генерален директор). Работи на Технолошко-металуршкиот факултет – Скопје (од 1961), а во редовен работен однос е од 1970 г. Редовен професор е од 1979 г., а во пензија е од 1996 г. Подрачја: Операции и машини и Мерење и автоматска регулација во хемиската индустрија, Процесна динамика со комплексна регулација, Примена на компјутерите во процесната индустрија и др. Автор е на учебници и помагала, научни трудови и проекти. ЛИТ.: „Билтен УКИМ”, од 30. IX 1986 г.; 40 години Технолошко-металуршки факултетСкопје, монографија, ТМФ, Скопје, 2000 г., стр. 111. Св. Х. Ј.