БОРОЗАНОВ, Владимир Василев

БОРОЗАНОВ, Владимир Василев (Битола, 20. Ⅰ 1945) – интернист-кардиолог, редовен професор на Мед. ф. Дипломирал на Мед. ф. во Белград (1968), а специјализација и субспецијализација на Мед. ф. во Скопје. Има објавено (со соработници) над 300 стручно-научни трудови и апстракти. БИБ.: Кардиологија (коавтор), Белград, 2000; Терапевтско-дијагностички прирачник за лекарите по општа медицина, Скопје, 2002; Интерна медицина, Скопје, 2004; Интерна пропедевтика, Скопје, 2004. Сл. М. П.