АТРО

АТРО –„Пролетер“ ја пушти првата автобуска линија на релација СкопјеБитола, а првото претпријатие за превоз на патници –„ФАП“ е формирано во 1945г. Денес има вкупно 32 АП. На 8. ИВ 1953 г. е создадено Здружението за јавен автобуски сообраќај. Изградени се над 190 автобуски стојалишта, како и автобуски станици низ РМ. При формирањето на Деловната заедница (1973) егзистираа околу 14 АС, во 1983 г. – 22 АС, а во 2004 г. имаше 31 АС. ЛИТ.: М. Стефановски, Сообраќајот во Македонија, Матица Македонска, Скопје, 2001 г. Р. Д., Кр. Б.