АТАНАСОВ, Ангел

АТАНАСОВ, Ангел (с. Крушево, Серско, 1879 – Крџали, Бугарија, 1952) – учител и револуционер. Завршил педагошко училиште во Сер (1900) и учителствувал во Ѓумурџина. Како директор на Серското класно училиште (1902) станал член на Серскиот ОК на ТМОРО. Во текот наⅤ1903 г. бил затворен и осуден на три години затвор. По амнестијата (1904) повторно стапил во редовите на ТМОРО. Учествувал како делегат на Серскиот окружен конгрес (1905). ЛИТ.: В. „Нов живот”, Кљрджали, 1983, бр. 55, 4. Ал. Тр. Васил Атанасов