АНЛИТИЧКА ХЕМИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

АНЛИТИЧКА ХЕМИЈА ВО МАКЕДОНИЈА – како наставен предмет во Македонија започнала во 1948 г. Прв предавач на Катедрата за хемија при Филозофскиот факултет бил д-р Крсто Ставриќ, кој ги организирал и ги опремил првите лаборатории за квалитативна и квантитативна хемиска анализа. Од 1960 г. настава по Аналитичка хемија редовно се изведува и на Технолошкиот оддел на Техничкиот факултет (подоцна ТМФ), а подоцна и на Фармацевтскиот факултет. Први научни подрачја биле: анализата на микроелементи во водите и тутуните од Македонија, приготвувањето и примената на јоноселективни електроди и интерферометриските методи за анализа. Спектрофотометриски методи применувале Љ. Клисарова, А. Николовски, И. Спиревска, Л. шоптрајанова, а квантитативни испитувања на елементи во траги со примена на атомската апсорпциона и емисиона спектрометрија вршеле Т. Стафилов и К. Чундева. Од електрохемиските методи најголема традиција имаат поларографијата и квадратнобрановата волтамметрија. Во поново време актуелна е и високоефикасната течна хроматографија. Практично важни анализи се вршат и во Заводот за заштита на здравјето. ЛИТ.: Природно-математички факултетСкопје, 1946–1996, Скопје, 1996., 217; 60 години Природно-математички факултетСкопје, Скопје, 2006, 193. Б. ш.