ЈУЗБАШИќ, Димитрие Миланов

ЈУЗБАШИќ, Димитрие Миланов (Дарувар, Хрватска, 30. IX 1909 – Сарбрикен, Германија, 1974) – хирург, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје, еден од првите 19 избрани наставници при формирањето на Мед. ф. во Скопје (1947). Извршил успешна трансформација на Хируршкото одделение во современа Хируршка клиника. Бил редовен професор, шеф на Катедрата по хируршки болести и директор на Хируршката клиника при Мед. ф. во Скопје, а во еден мандат и декан на факултетот. Во 1953 г. заминал за Загреб, каде што работел до своето пензионирање (1973), а потоа отишол на работа во Сарбрикен (Германија). Бр. Н.