ЈАЧЕВ, Ристо

ЈАЧЕВ, Ристо (с. Долно Родево, Воденско, 15. Ⅴ 1842) – актер, поет, раскажувач, романсиер, драмски автор, новинар, театарски рецензент, уредник и преведувач. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Извесно време бил актер, а потоа новинар, театарски рецензент и уредник. Член е на ДПМ (од 1967). Најголем период од работниот век го мина во Македонското радио. Добитник е на повеќе награди. Ристо Јачев БИБ.: поезија: Кавал и магија, Скопје, 1967; Смртта на ангелот, Скопје, 1968; Маслинови гори, Скопје, 1968 (избор); Подземни сенки, Скопје, 1973; Димна гора, Скопје, 1974; Болна градина, Скопје, 1976; Секнати извори, Скопје, 1979; Горница, Скопје, 1984; Сопатникот на сеништата, Скопје, 1988; Ехо на квечерината, Скопје 1989; Ангел над Христовиот гроб, Скопје, 1991 (избор); Камена перница, Скопје, 1992; Смртни песни, Скопје, 1994; Велестовски ноќи, Скопје, 1996; Вакафска земја, Скопје, 1998 (поема); Примка, Скопје, 1998 (избор); Жедна ноќ, Скопје, 2000; Белиот светец, Скопје, 2002; Заточеник на мракот, Скопје, 2002 (двојазично издание на македонски и српски јазик) и Студен мрак, Скопје, 2005; проза: Вечерни ветрови, Скопје, 1972; Кукла, Скопје, 1992; Јаков, Скопје, 1993; Патот на ангелите, Скопје, 1996 (трилогија) и Алексеј, Скопје, 2001; драмски текстови: На север од рајот, Скопје, 1984 и Моите соништа, Скопје, 2000 (три драми: Кучињата се жедни; Јеботе Тито и Велеграѓани). С. Мл.