ТАЈАНЕ

ТАЈАНЕ – календарски обичај поврзан со празникот Раѓање на свети Јован Крстител – Иванден (7. Ⅶ/24. Ⅵ). Најдолго се задржал во Прилепско, Битолско и Крушевско. Вечерта спроти Иван-ден групи момчиња и девојки собирале билки, со кои закитувале едно ѓумче и го полнеле со вода од три чешми. Едно го носело ѓумчето на главата и него го викале Тајане, а другите оделе околу него и му пееле пригодни песни. Утрото групата со Тајането одела по дуќаните, каде што исто така пееле песни и собирале дарови, од кои подоцна правеле заедничка вечера. Притоа се пеело: Тајане, Бојане, имаш брат свети Јоване… Во Битола спроти Иванден на ѓум нанижувале секакви цвеќиња и му клавале тељ од невеста што гувеела. Во Крушово во ѓу-мот момите клавале прстења и на онаа што ќе бидел пообелен, таа мома побрго ќе се мажела. Во Преспа со многу обичаи и верувања девојките правеле кукла Иванка која ја шетале низ улиците, пееле песни и собирале дарови. ЛИТ.: Лепа Спировска, Кон проучувањето на обичајот Тајане во некои места на Рудникот „ТајмиштеМакедонија, „Македонски фолклор“,Ⅵ, 12, Скопје, 1973; Сборник за народни умотворения наука и книжнина, т. Ⅷ, София, 1896, 144. М. Кит.