ПРЕТПРИЕМНИШТВО

ПРЕТПРИЕМНИШТВО – процес на деловно организирање и дејствување во кој претприемачот (ентерпренеур, француски збор првпат употребен од Ричард Кантијон кон средината на ⅩⅤⅠⅠⅠ в.) воведува иновации, презема ризик, врши комбинација и заемна супституција на поскапите со поевтини ресурси и ги насочува ресурсите кон точките на нивната рационална употреба. Претприемништвото, во прв ред, е врзано за малите и средните претпријатија. Но, денес, с¢ повеќе претприемнички се водат и големи претпријатија (т.н. внатрешно, корпорациско претприемништво), институции во доменот на здравството, образованието, културата и сл., а претприемништвото е и основа за локалниот и регионалниот развој. Како и во другите земји во транзиција, во раните транзициони години, во Република Македонијадојде до израз т.н. спонтано претприемништво – голем број регистрирани нови мали и средни претпријатија (МСП), без осмислени владини мерки на поддршка на процесот. По 1996 г., профилирана е владината политика на поддршка на МСП и претприемништвото. Таа опфаќа три типа мерки. Институционални мерки – од 1997 г., со финансиска поддршка на ПХАРЕ програмата, се формира Национална агенција за промоција на МСП-НЕПА (денес, таа функционира како Агенција на Република Македонијаза поддршка на претприемништвото – АПП), со задача да го координира и поддржува процесот на национално рамниште. Потоа, повторно со поддршка на ПХАРЕ, се воспоставија и регионални центри за развој на МСП (Скопје, Куманово, Велес, Битола и Струмица), а со поддршка на британскиот Кноњ-хоњ фонд и регионални центри (т.н. ЕСА центри) во Охрид, Тетово и Гостивар, за поддршка на претприемништвото на локално и на регионално ниво. Во текот на 1977 г., во Прилеп, Штип, Македонска Каменица, Делчево и во Крушево беа поставени и првите бизнис-инкубатори во Македонија (за поддршка на МСП во нивниот натален период – првите три години по формирањето), а 2001 г. уште три бизнис-инкубатори (Велес, Струмица и Охрид). Во меѓувреме, со странска помош, се формираат и нови институции за локален регионален развој во повеќе општини во земјата. Поголемиот број од спомнатите институции ги стекнаа првите искуства во поддршката на претприемништвото и започнаа финансиски да се осамостојуваат. Финансиски мерки – Една од печките на „Макстил“ во Скопје бројни кредитни линии за финансирање на МСП од странски и од домашни извори (моментално во земјата се активни околу 18 кредитни линии), кои се операционализираат преку комерцијалните банки во земјата и преку Македонската банка за поддршка на развојот (единствена државна банка во Македонија со посебен сектор за поддршка на МСП и со државен гарантен фонд за потребите на малите и средните бизниси). Мерки насочени кон подобрување на инвестиционата клима во земјата и кон креирање на поволен претприемнички амбиент (в. инвестициона клима). ИЗВ.: Материјали и публикации на Министерството за економија на Република Македонија. ЛИТ.: Т. Фити, В. Хаџи Василева–Марковска, М. Бејтмен, Претприемништво, Скопје, 2007, 223-265. Т. Ф.