ПРВИОТ ПРИЛЕПСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ПРВИОТ ПРИЛЕПСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ (месноста Црвени Стени, Прилепско, 11. Ⅹ 1941 – пештерите на Кадин Камен на падините на пл. Козјак, 25. ⅩⅠⅠ 1941) – партизанска единица на НОВ и ПОМ. Бил формиран од 39 борци од Прилеп и постојната Прилепска партизанска чета, која задоцнила на зборното место. Истиот ден, поделен во три групи, извршил напад на бугарската полициска станица (участокот) при што бил убиен полицискиот стражар на затворот во кој се наоѓале политички затвореници и на поштата и ПТТ врските во Прилеп. Де-нот на нападот е прогласен за државен празник на РМ, како Ден на Востанието на македонскиот народ. Наредниот ден бугарските власти уапсиле над 700 граѓани (12. Џ). Наскоро потоа, кај месноста Попова Нива на Селечка Планина, на Одредот му се приклучила и првата Прилепска партизанска чета (15. Џ). По мошне успешната акција во с. Царевиќ (8. Ⅺ), бил одржан првиот партизански митинг во окупирана Македонија и првпат била испеана песната „А Участокот во Прилеп и реконструкција на планот за нападот на 11. Х 1941 г. бре Македонче“. Подоцна, поради отежнатите зимски услови на дејствување, Одредот бил расформиран, а боречкиот состав бил испратен на илегална работа во Прилеп, Битола, Преспа, Скопје и Кавадарци. ЛИТ.: Прилеп и Прилепско во НОВ 1941 година. Материјали од научниот собир одржан на 11, 12 и 13 декември 1974 година, Скопје, 1976; Д-р Блаже Ристовски, Како е настаната песната „А бре Македонче“? „Народно стваралаштво“, ⅩⅤ-ⅩⅤⅠ, 57-64, 42-47; Коле Чашуле, Царевиќ 1941, „Стремеж“, ЏЏВ, 8, Прилеп, 1981, 644-650; Д-р Симо Младеновски, Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“, „Гоцеви денови – Песна за Гоце ’83“, Ⅸ, 9, Скопје, 1983, 15-16. С. Мл.