ПРАВО

ПРАВО“ (Софија, 12. Ⅺ 1894 – 13. Ⅲ 1903) – неделен весник, орган на политичките и духовните интереси на бугарското население во Турција, а потоа орган на македонско-одринските интереси. Тоа е еден вид легален орган на ТМОРО. Го уредувале Васил Маков (одговорен уредник), Никола Наумов (одговорен уредник од бр. 13), Хр. Дојчинов и Т. Карајовов. Излегувал секој петок. Меѓу другото, во него е објавена статијата „Македонското ослободително дело на бугарска почва“ од Ѓорче Петров. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 91–93; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 95. С. Мл. Дневниот весникПраво“ (Солун, 1910-1913)