ПОРОДИН

ПОРОДИН – ТУМБА (с. Породин) – неолитска населба од раниот, средниот и од доцниот неолит. Епонимен локалитет на Велушко – породинската културна група. Откриена е трапезоидна куќа со огниште од средниот неолит, керамички садови и култна пластика. Од керамичките наоди значајни се претставите на макета на Антропоморфен цилиндер од жртвеник од средниот неолит од наоѓалиштето Тумба, с. Породин куќа, основа на куќа и антропоморфните цилиндри. ЛИТ.: М. Грбиќ – П. Мачкиќ – Д. Симоска – Б. Сталио, Породин, Битолј, 1960. Д. З.