ПАШИЌ, Радмила

ПАШИЌ, Радмила (с. Подгорци, Струшко, 27. Ⅺ 1931) – археолог. Дипломирала археологија на Филозофскиот факултет во Белград (1956). Магистрирала во 1981 г. Од 1956 г. работи во Народниот музеј во Охрид, а потоа како кус-Радмила Пашиќ тос во Музејот на Македонија (1963–1996). Вршела археолошки истражувања на повеќе локалитети: Демир Капија, Сува Река, Милци, Дедели, Марвинци, Со-пот, Виница, Нерези, Студеничани. БИБ.: Археолошка испитивања на локалитету „Орлова Чука“ код села Стар Караорман, „Старинар“, ⅩⅩⅠ, Београд, 1972, 129–134; Праисторијска ископавања у Демир Капији, „Старинар“, ЏЏВИ, Београд, 1976, 155–158; Железно време, Археолошка карта на Република Македонија, 1, Скопје, 1994, 62–79. Д. З. Пашканат