НИКОЛОВСКИ–

НИКОЛОВСКИ–ЛУЈ, Илија (Прилеп, 7. Х 1913 – Скопје, 1973) – педагог и композитор. Еден од првите организатори на музичкиот живот во РМ. Како учесник во НОВ, во 1944 г. формирал хор и дувачки оркестар. Бил директор на Средното музичко училиште во Скопје (1947–1973), каде што истовремено предавал и труба. Како долгогодишен раководител на оваа значајна образовна институција, дал голем придонес во поставувањето и развојот на му-зичкото образование. Од 1979 г. патрон на Музичко-балетскиот училиштен центар „Илија Николовски-Луј“. Сн. Ч.-Ан.