НЕДЕВ, Венцислав

НЕДЕВ, Венцислав (Велес, 18. Ⅲ 1949) – каратист. Дипломирал на Факултетот за физичко воспитание во Белград (1981) и на ФФК во Скопје (1997). Почнал да вежба со првата генерација македонски каратисти (1967) и бил член на југословенската репрезентација од Македонија. Освоил бронзен медал на државното првенство во Белград (1971) и станал државен шампион на СФРЈ во карате во Скопје (1980). Основоположник на традиционалното карате во РМ, тренер на КК „Работнички“, селектор на Македонската репрезентација во традиционално карате и тренер и учител на балкански, европски и светски шампиони. Р. Дејан Недев