НАУМ, митрополит

НАУМ, митрополит (Звонимир Илиевски, Скопје, 13. ⅩⅠⅠ 1961) – архијереј на Македонската православна црква. Завршил средно образование и студирал на Правниот факултет во Скопје. Се откажал и заминал во Универзитетот на Света Гора Атонска. Бил примен и духовно раководен од Митрополитот струмички Наум старецот Георгиј. Младиот монах Наум во Грегоријатската света обител минал повеќе од осум години, усвојувајќи го низ жив опит учењето на Црквата Божја. На Света Гора станал великосхимник и ѓакон, а потоа во Романија и јеромонах, ракоположен од епископот на Романската православна црква Калиник. За потребите на Македонската православна црква и со благослов на епископот Калиник, јеромонахот Наум се вратил во Македонија и бил произведен во архимандрит на братството во манастирот „Св. Богородица–Елеуса“ во Струмица. Светиот архијерејски синод на МПЦ го избра за архијереј и на 27. Ⅷ 1995 г. беше хиротонисан, а наредниот ден востоличен за Митрополит струмички. ЛИТ.: Ратомир Грозданоски, Стефан Архиепископ Охридски и Македонски, Скопје, 2000. Рат. Гр. Митрополитот Злетовскострумички Наум