НАРОДНА ФЕДЕРАТИВНА ПАРТИЈА

НАРОДНА ФЕДЕРАТИВНА ПАРТИЈА (Солун, 1909–1910) – политичка партија. Се пројавила во средината на јануари 1909 г. како партија во формирање, со весникот „Народна волја“, кој почнал да излегува од 17. И 1909 г. До одржувањето на основачкиот конгрес биле формирани месни организации во голем дел од Македонија. Основачкиот конгрес бил одржан во Солун (3/12. – 10/17. Ⅷ 1909), со учество на 32 делегати од Македонија и еден делегат од Одринско. Конгресот усвоил Правилник на Партијата и ги избрал раководните органи: тричлено Централно биро, под претседателство на Димитар Влахов, и Совет на Партијата, во кој биле претставени сите краеви на Македонија. Во Советот бил и Јане Сандански, врз кого, само по неколку дена(14 / 26. Ⅷ), бил из-Народните носии во РМ (М. Малахова, 1950) Членови на Народната федеративна партија во Солун (1909) вршен нов неуспешен атентат по наредба од Софија. Главното политичко барање на НФП било Македонија да добие државноправен статус на самоуправна об-ласт во децентрализираната федеративно уредена Отоманска Империја. Таков статус бил баран и за Албанија, за Ерменија и за другите национални провинции. Под надворешни влијанија (од јануари 1910) биле предизвикани внатрешни поделби што кулминирале со одлуката на Централното биро за исклучување на Јане Сандански. Внатрешната криза довела до брзо згаснување на НФП (во јули 1910). ЛИТ.: Манол Пандевски, Политички партии и организации во Македонија (1908–1912), Скопје, 1965. М. Мин.