НАРОДЕН ВОЈНИК

НАРОДЕН ВОЈНИК“ (Малесија, Струшко и Скопје, јуни 1944 – март 1945) – месечен весник, орган на Првата македонска НОУ бригада, на македонски јазик. Го уредувале Владо Малески и Илија Топаловски. Меѓу соработниците биле Кемал Аголи, Илија Јосифовски, Жамила Колономос, д-р Владо Полежиновски, д-р Трифун Паноски, Панче Поповски, Јаким Спировски, Крсте Црвенковски, Вангел Чукалевски и др. Ликовно го обликувале Боро Димоски и Ангеле Ивановски. Двобројот 2–3 бил печатен во Партизанската печатница „Гоце Делчев“, а бр. 5 во Скопје. Содржи и илустрации од ликовни уметници. Објавени се вкупно 23 броја. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 443–445; Прва македонска народноослободителна ударна бригада, Скопје, 1991, 191–192 и 411–417; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 139–140. С. Мл. „Народен војник“, орган на Главниот штаб на Југ. армија за Македонија (6. Ⅵ 1945)