МУВИ, ТАНЧАРКИ

МУВИ, ТАНЧАРКИ (Емпидидае) – мали двокрилни инсекти. Се карактеризираат по танцот во времето на роење кога машките единки ги даруваат жен-Мува танчарка ките со мали уловени инсекти како дозвола за парење. Живеат во близина на води, околу поточиња или поголеми водни површини. Во Македонија се регистрирани 63 вида од оваа фамилија, од кои 6 се ендемични. ЛИТ.: Богдан Хорват, Аљуатиц Емпидидае Фауна (Диптера) ин Мацедониа, Ацта, Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1995, 19(6/159): 147-170; Група автори, Цоунтрѕ Стадѕ фор биодиверситѕ оф тхе Републиц оф Мацедониа (фирст натионал репорт), Министрѕ оф енвиронмент анд пхѕсицал планнинг, Скопје 2003. В. Т. К. – М. Кр.