МОНЕТАРНИЦАТА ВО ДАМАСТИОН

МОНЕТАРНИЦАТА ВО ДАМАСТИОН. Местоположбата сè уште не $ е сигурно потврдена, но поради рудниците на сребро и бо-Монета на Дамастион (аверс/реверс) гатата продукција на пари и понатаму го привлекува вниманието на истражувачите. Таа егзистирала седумдесетина години (395 – ок. 320 г. пр.н.е.). Ковела сребрени пари (тетрадрахми и тетроболи), на чиишто аверси доминира претставувањето на богот Аполон, а на реверсите триножец. Во почетокот монетарницата била под влијание на монетарницата во Олинт, но подоцна почнале силно да се чувствуваат врските со Пајонија и влијанијата на пајонските кралеви. Постојат многубројни индиции дека во оваа монетарница биле ковани пајонски пари. Со Дамастион се поврзуваат и емисиите на пари на Пелагија, Дапарија, Сарноа, Дарадо, Никарх и на Симон. ЛИТ.: Ј. М. Ф. Маѕ, Тхе Цоинаге оф Дамастион, Лондон, 1939. П. Ј. Монета на Лихнид (аверс/реверс)