МОЛЕКУЛАРНА БИОЛОГИЈА

МОЛЕКУЛАРНА БИОЛОГИЈА – научна дисциплина што ја изучува живата материја на молекуларно ниво. Посветена е пред сè на разбирањето на разните системи во клетката и нивната меѓусебна поврзаност. Нејзиниот подем во ⅩⅩ в. изврши револуционерни промени во биолошките истражувања и најде огромна примена во медицината, фармацијата, агрономијата и во други области. Првите научни истражувања од оваа област во Македонија се воспоставени во 1970 г. Во универзитетската додипломска настава е воведена во 1990, а во постдипломската во 1998 г. Д. Р.-З. Димитар Молеров