МИХАЈЛОВ, Панчо

МИХАЈЛОВ, Панчо (Штип, 1888 – Софија, 14. Ⅵ 1925) – учител, војвода, новинар, поет, писател и фолклорист. Завршил Педагошка гимназија во Скопје (1909), потоа бил учител во Кочани, Виница, ќустендилско и Радомирско. Во 1922 г. минал во илеганост, формирал своја чета и подолго престојувал во источниот дел на Македонија. Сè до убиството дејствувал како кочански околиски војвода. Тогаш, движејќи се низ Источна Македонија, ги забележал песнте што ги објавил во зборникот „БÍлгарски народни п‹сни отÍ Македония“. Во зборникот, како што истакнува и М. Арнаудов во предговорот, а како што е констатирано и во одгласите во периодиката, првпат се објавува циклус револуционерни песни што се одраз на новото време и на новите општествени состојби. Убиен е во Софија, откако бил исклучен од ВМРО под влијание на Ванчо Михајлов. Објавувал во весниците на македонската емиграција во Бугарија, „Илинден“, „Независима Македония“ и др. Од четничкиот живот му е и збирката раскази „Во земјата на солзите“ (Софија, 1924). БИБ.: БÍлгарски народни п‹сни отÍ Македония. СÍбрал Панчо МихаŸловÍ. СÍ предговорÍ отÍ Проф. М. АрнаудовÍ, София, 1924. ЛИТ.: Зоран Тодоровски, Моралниот кодекс на македонскиот револуционер, „Културен живот“, 7-8, 1995, 86; Проф. Ал. Балабанов, Панчо МихаиловÍ – БÍлгарски народни п‹сни отÍ Македония „Македонски преглед“, г. 1, кн. 1, 1924, 123–129. М. Кит.