МИТЕВСКА, Лабина

МИТЕВСКА, Лабина (Скопје, 10. Ⅹ 1975) – актерка, продуцент. Ед-но од најсензибилните и најфотогенични лица во новиот македонски филм. Дебитираше во улогата на чувствителната Замира во филмот „Пред дождот“, во кој со дискретни изразни средства ја пренесе убавината на моминските надежи и готовноста да ја брани својата љубов. Во филмовите што уследија, „Добредојдовте во Сараево“, „Те пожелувам“, „Тајната книга“, „Како убив светец“, „Јас сум од Титов Велес“, нејзиниот сензибилитет се изостри за посложени психолошки преобразби. Г. В. Витомир Митевски МИТЕВСКИ, Витомир Георгиев