МАРИОВО

МАРИОВО – област во јужниот дел на РМ. Го зафаќа средното сливно подрачје на Црна Река. Претставува една природна целина, заградена со високи и средновисоки планини како: Ниџе и Кожув од југ, Селечка Планина од запад, Дрен Планина од север и Козјак со некои разграноци на М. Малахова: Мариовска женска народна носија (1953) Кожув од исток. Зафаќа површина од 1.038 км и се дели на два дела: Горно или Старо Мариово, кое се простира во долниот тек на р. Црна во Мариово и Долно или Младо Мариово, кое го зазема горниот слив на оваа река во Мариово. Меѓутоа, повеќе е раширена поделбата на битолско, пришто и докторирал со одбрана на Мариово, Камен Мост кај селото Зовиќ лепско и кавадаречко Мариово. Тектонски, областа со еден дел е вклопена во Вардарската зона, а со друг во Пелагонискиот хорстантиклинориум. Во геолошката градба учествуваат седиментни, метаморфни и магматски карпи со различна старост. Релјефот го составуваат три морфолошки целини: високи планински била, еруптивно-ерозивни површини и ридови и делумно рамно дно. Климата е локална со медитеранско влијание во најнискиот дел. Просечната годишна температура на воздухот во Старавина изнесува 12,4°Ц, а просечните годишни врнежи 573 мм. Главна река е Црна, која во Мариово изградила една од најубавите клисури во Македонија – Скочивирската Клисура. Во М. постојат 28 села населени со Македонци, сите се во фаза на раселување. Во 1961 г. во нив живееле 13.403 ж., а во 2002 г. останале само 830 ж. Се занимаваат со сточарство. ЛИТ.: Александар Стојмилов и др., Мариово, Географски факултет, Скопје, 1984. Ал. Ст.