МАКЕДОНСКИ ФАРМАЦЕВТСКИ БИЛТЕН

МАКЕДОНСКИ ФАРМАЦЕВТСКИ БИЛТЕН“ – официјално гласило на Македонското фармацевтско друштво. Се појавува во 1954 г. како Билтен на Фармацевтското друштво, а од 2000 г. излегува под името „Македонски фармацевтски билтен“. Во почетокот имало карактер на информативно, потоа стручноинформативно, а потоа прераснува во стручно списание. Во него се објавуваат оригинални научни трудови, куси соопштенија, ревијални и стручни трудови од сите фармацевтски дисциплини и сродни подрачја од интерес за фармацијата и фармацевтите во земјата и надвор од неа. Л. П.-Т. Списанието на Институтот за фолклор „Македонски фолклор“ „МАКЕДОНСКИ ФОЛКЛОР“