МАКЕДОНСКИ СРЕДНОВЕКОВНИ ДИНАСТИИ

МАКЕДОНСКИ СРЕДНОВЕКОВНИ ДИНАСТИИ – по востанијата на комитопулите (Давид, Арон, Мојсеј и Самуил) против Бугарија (969) и против Византија (976), Самуил се ослободува од своите браќа и ја основува Самуиловата династија. Крунисан е за цар во престолниот град Преспа (ок. 999/1000). По неговата смрт (1014), на тронот доаѓа син му Гаврил Радомир (1014– 1015), но е убиен од синот на Арона Јован Владислав (1015–1018), по чија смрт царицата Марија и семејството му се предаваат на Василиј Ⅱ. Членовите на царската династија се распратени во византиските провинции. Подоцна синот на Гаврил Радомир, Петар Делјан, како водач на востание (1040/41), е прогласен од народот за цар. Како претендент се јавува и Алусијан, синот на Јован Владислав. Во востанието (1072/73) на чело со Ѓорѓи Војтех за цар е прогласен Константин Бодин, син на зетскиот владетел Михаил, потомок преку Самуиловата ќерка Косара. Родоначалник на Мрњавчевата династија е кралот Волкашин (1365–1371). Се спомнува како жу-пан во Прилепскиот крај (1350), подоцна е прогласен за крал (1365) и совладетел на царот Урош И. Неговиот брат деспотот Углеша ја управува областа со седиште во Серез. Постоењето на брат Гојко не е потврдено. Браќата Мрњавчевци загинуваат во битката против Турците на р. Марица (26. Ⅸ 1371). Власта ја наследуваат Волкашиновите синови Марко, Иваниш, Андријаш и Митраш, а на престолот доаѓа првородениот крал Марко (1371–1395), по чија смрт Македонија наполно потпаѓа под турска власт. ИЗВ. и ЛИТ.: В. Р. Розен, Император ВасилиŸ БолгаробоŸца. Извлечения изÍ л‹тописи œхии Антиохијскаго, СанктпетербургÍ, 1883; В. Н. Златарски, Западната бÍлгарска држава до провÍзгласяването на Самуила за царя, И, „Македонски преглед“, Ⅱ, 1, Софиѓ, 1926, 7–8; Божидар Прокиђ, Постанак једне словенске царе-вине, „Глас“, ЛЏЏВИ, Београд, 1908, 213224; Јадран Ферлуга, Ле соуливмент дес Цомитопоулес, „Зборник радова Византолошког института“, Ⅸ, Београд, 1966, 75-84; Стјепан Антолјак, Вистината за востанието на комитопулите, Средновековна Македонија, И, Скопје, 1983, 604-610; Вангелија Десподова, Гробот на Пресијан, внукот на цар Самоил, се наоѓа во Михаловце, Словачка?, „Славица Словаца“, 29–1, Братислава, 1994, 16–23; П. Сређковиђ, Путничке слике. Слика 2. Фамилијарна гробница Мрњавчевиђа, „Гласник СУД“, Београд, 1878, 223–224; Божидар Прокиђ, Јован Скилица као извор за историју мађедонске словенске државе, „Глас СКАН“, ЛЏЏЏИВ, Београд, 1910; шлÝомберже, Цар СамуилÍ и ВасилиŸ Ⅱ, София, 1943; Константин Јиречек, Српски цар Урош, краљ Вукашин и Дубровчани, Зборник Константина Јиречека, И, Београд, 1959, 341–385; Раде Михаљчиђ, Цар и краљ: неуспешно савладарство, Историја српског народа, И, Београд, 1981, 588-589; Лазар Мирковиђ, Мрњавчевиђи, „Старинар“, Ⅲ (1924–1925), Београд, 1925, 11–26; Блаже Ристовски, Кралот Марко последниот суверен на Македонија, зб.: Кралот Марко во историјата и во традицијата, Прилеп, 1997, 7–22; С. Пириватриђ, Самуилова држава. Обим и карактер, Београд, 1998; Билјана Ристовска-Јосифовска, Тхе Наме оф тхе Дѕнастѕ Мрнјавцхеви анд тхе Титле оф тхе Кинг Марцо ин тхе Хисторицал Соурцес. Традитион анд Хисториограпхѕ, „Балканистиц Форум“, 1–2–3, Благоевград, 2002, 194–199; –, Автохтони средновековни династии во Македонија (Џ–ⅩⅣ век), „Балцанославица’“, 30–31, 2002, 165–182.; истата, Ѓорѓија М. Пулевски и Крсте П. Мисирков за владеењето на Мрњавчевци, зб.: „Делото на Крсте Мисирков“. Зборник од Меѓународниот научен собир по повод стогодишнината од излегувањето на книгата „За македонцките работи“, И, МАНУ, Скопје, 2005, 34–365. Б. Р.-Ј.