МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ПОКРЕТ

МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ПОКРЕТ (МАНАПО) (1936– 1939) – движење на македонските студенти во Загреб, Белград и Скопје, кои на таен состанок во Загреб во 1936 г. усвоиле Политичка декларација. Платформата биЧленови на МАНАПО во Охрид (1938) ла прифатена на проширениот состанок на 28 август во Охрид, со учество на студенти, други интелектуалци и политички експонирани Македонци, антифашисти и комунисти од повеќе градови и со тоа биле поставени организационите основи на Движењето во Македонија со цел да се бори за македонска национална државност во федеративна државна заедница – Југославија. Платформата била вградена во партиската политичка програма на македонските комунисти и претставувала основа за преговори со демократските и ан-тифашистичките сили, со македонските националисти и со граѓанските политички партии од здружената опозиција за создавање Народен фронт, т.е. за обединување на силите за заедничка акција против режимот, за демократија и национална рамноправност. Општинските (1936) и парламентарните избори (1938) беа причина за зближување на КП и МАНАПО со полево ориентирани претставници од партиите на здружената опозиција. МАНАПО, по својата суштина, како широко антифашистичко движење, претставувало Народен фронт, а според поставените цели, регионалната организираност на националната територија, претставувало револуционерно македонско националноослободително движење. МАНАПО дејствувало во време кога комунистичката партиската организација во Вардарскиот дел на Македонија била пасивизирана, десеткувана по големите провали во 1936 и 1937 г. Со зајакнувањето на КП во Вардарскиот дел на Македонија (1939) МАНАПО постепено исчезнало од политичкиот живот. ЛИТ.: Д-р Надежда Цветковска, Граѓанските политички партии во Вардарскиот дел на Македонија (1935–1941), Скопје, 1996. Н. Цв.