МАКЕДОНСКА ДОМАШНА ГРАДИНА

МАКЕДОНСКА ДОМАШНА ГРАДИНА. Поради мултифункционалноста и прилагоденоста на условите на теренот и на пределот, традиционалните домашни градини се одликуваат со сопствени специфики, значајни естетски вредности и автохтоност. Градините во РМ од ⅩⅠⅩ и ⅩⅩ в. ги истражува Д. шојлевски (1985). Современите домашни градини ги губат типичниот ликовен израз и специфичните обележја на поднебјето, но се збогатени со бројни и разновидни растенија. Ст. Х. П.