ЛАПРДИ

ЛАПРДИ -. календарски обичај поврзан со празникот Велики поклади (Прочка). Во Зборникот на браќата Миладиновци се вели: „На поклади вечерта децата играет околу црков со лапрди. Лапрди сет др’гови не толку д’лги, на врхот разцепени, и в цепот накладено сено сврзано. Ⅴ сеното клавает јаглен, и вртет лапрдата на десно на лево, дури да се запалит сеното и да изгаснит. После оставает др’говите в црква”. Обичајот е дел од обредните огнови што во разни места на Македонија се па-лат спроти празникот Прочка.ЛИТ.: БŠлгарски народни п‹сни собрани одъ братя Миладиновци Димитрия и Константина и издани одъ Константина, въ Загребъ, 1861. М. Кит.