ЛАКИНСКА, Благородна Ѓоргиева

ЛАКИНСКА, Благородна Ѓоргиева (с. Бохула, Кавадаречко, 9. Ⅷ 1946 – Скопје, 9. Ⅴ 2006) – педагог, универзитетски професор. Завршила Учителска школа и Педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје (1970). Магистрирала при Центарот за информациски науки на Универзитетот во Загреб (1981), а со докторат на педагошките науки се здобила на Филозофскиот факултет во Скопје (1989). Од 1971 до 2006 г. работела на Филозофскиот факултет како асистент, а потоа како наставник. За редовен професор по предметот дидактика е избрана во 1999 г. Била продекан на Филозофскиот факултет, претседател на Републичкиот педагошки со-вет, директор на Државниот просветен инспекторат при Министерството за образование и наука, претседател на Сојузот на педагошките друштва на Македонија. Објавила поголем број трудови од областа на дидактиката. БИБ.: Самостојната работа на учениците во наставата, 1992; Односот меѓу целите на наставата и оценувањето успехот на учениците, 1999; Комуникацијата во воспитно-образовната работа на училиштето, 2001 и др. ЛИТ.: Филозофски факултет во Скопје: 1920–1946–2006, Скопје, 2006, 251.К. Камб. Дивна Лакинска ЛАКИНСКА, Дивна Ристова