КУМАНОВСКИ ДОГОВОР

КУМАНОВСКИ ДОГОВОР – воено-технички договор склучен меѓу Меѓународните безбедносни сили – КФОР и владите на СР Југославија и на Р Србија, ноќта меѓу 9 и 10. Ⅵ 1999 г., во базата на КФОР – Талон (во близината на Куманово), дел од операцијата на НАТО во Косово. Со него е завршена Косовската војна. Предвидува позиционирање меѓународни вооружени сили во Косово (КФОР) и повлекување на југословенските вооружени сили од Косово до 20. Ⅵ 1999 г., воздушна безбедносна зона од 25 км од косовската граница и земјишна зона од 5 км. ИЗВ.: Воено-технички уговор измеѓу Меѓународних безбедносних снага и влада СРЈ и РСр, 10.06.1999, њњњ.мфа.гов.ѕу. Т. Петр. оголеноста на сливот, К. Р. има из-Кумановската котлина Борци од Кумановскиот НО баталјон „Јордан Николов-Орце”