КРАСНИЦИ

КРАСНИЦИ (Бупрестидае) – тврдокрилни инсекти. Се препознаваат по прекрасните металносјајни бои. Телото им е издолжено, на задниот дел е стеснето и зашилено, со куси нозе. Се среќаваат по кората на дрвјата и по тревестите растенија. Познати се како штетници во шумското стопанство и во овоштарството. Ларвите се без нозе, живеат во дрвесината Красници – тврдокрилци (Бупрестидае) на стеблата, правејќи ходници. Во светот се познати околу 12.000 видови. Во Македонија се познати само неколку видови, меѓу кои, боровиот красник (Цхалцопхора мариана Лајонљуиере) кој живее во борови шуми, и претставници од родот Агриллус, познати како штетници – лисни минери. ЛИТ.: А. Серафимовски, Милка Кушевска, Масовна појава на тополовиот красник (Меланопхила пицта Палл.) по тополите во Македонија, шум. Прг. Скопје, 1967, 3–4: 29–37; А. Серафимовски, Милка Кушевска, Појава и штетност на поедини Агрилус видови по некои лисјари во Македонија, шум. Прг. Скопје, 1968, 1–2: 48; Јонче шапкарев, Зоологија на Без’рбетните животни, Скопје 1991. В. Т. К. – М. Кр. КРАСТАВИЦА (Цуцумис сативус) – едногодишно растение од фам. Цуцурбитацеае. Потекнува од југоисточна Азија, каде била позната уште пред 3.000 години. На Балканот била позната уште пред Ⅻ в. Се одгледува заради незрелите плодови, кои се консумираат свежи или конзервирани. Во производството се застапени Краставица (Цуцумис сативус) два типа сорти: салатни и за конзервирање (корнишони). Статистиката не го бележи производството. Д. Ј.