КОСТОВ, Димитар

КОСТОВ, Димитар (Ресен, 1934 – ?, 2001) – редовен професор на Техничкиот факултет во Битола. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Белград. Во 1962 г. се вработил во Фабриката за фрижидери „Георги Наумов” во Битола. Од 1963 г. предава на Вишата техничка школа во Битола (предмет Електрични мрежи). Бил избран (1984) во звање редовен професор на Техничкиот факултет во Битола по предметот Електротехника. Автор е на два учебника. Бил декан на Техничкиот факултет во Битола. Активен член е на Друштвото за наука и уметност во Битола (од 1979). Гл. К. Кире Костов