КОСТОВ, Владимир

КОСТОВ, Владимир (Битола, 22. IX 1932) – еден од најплодните македонски романописци и ав-тори на кратка проза. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел како професор на Педагошката академија при Универзитетот во Битола. БИБ.: Лица со маски, роман, Ск., 1967; Свадбата на Мара, роман, Ск., 1968; Игра, раскази, Ск., 1969; Нов ум, роман, Ск., 1970; Учителот, роман, Ск., 1976; Црквичето Четириесет маченици во Битола, роман, Ск., 1984; Вујко, роман, Ск., 1984; Грешниот Захарие, новели, Ск., 1986; Последното целивање, роман, Ск., 1992; Келешот, новели, Ск., 1992; Грешка, роман, Ск., 1992; Битолски триод, роман, Битола, 1994; Сениште во град Битола, роман, Ск., 1994; Маргарит, раскази, Ск., 1996; Битолска хроника – семејна трагедија, два кратки романи, Ск., 1998; Тане, роман, Ск., 2000 и др. Делата Свадбата на Мара, Црквичето Четириесет маченици и Захарие грешникот се поставени на театарската сцена во Битола. ЛИТ.: Р. Силјан, Избор од македонскиот расказ, Ск., 2004 г. П. Гил. Димитар Костов