КЛИНИКИ НА УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

КЛИНИКИ НА УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР. Во 1919 г. е формирана Државната болница во Скопје во рамките на старата Воена болница. Во 1928 г. таа е преселена на сегашниот локалитет и постепено се здобива со нови згради. Во Ⅱ светска војна името било променето во Земска болница. Во 1947 г. со формирањето на Мед. ф. во Скопје, се укинува Земската болница и се формираат клиники, коишто во изминатиот период функционирале различно – како посебни установи, како интегрален дел од Мед. ф., како Клинички центар или како Универзитетски клинички центар. Клиниката за внатрешни болести е формирана од Интерното одделение на бившата Земска болница во Скопје. Прв директор бил проф. д-р А. Игњатовски, потоа проф. д-р Д. Арсов. Во 1953 се формирани 8 одделенија и поликлиника и лабораторија во рамките на Клиниката. Во 1975 г. одделенијата се трансформирани во посебни клиники, додека Клиниката за внатрешни болести престанува да функционира како интегрална целина. Секоја клиника изведува наставна, научна и здравствена дејност од супспецијалноста и како установа на Мед. ф. Клиника за ендокринологија и болести на метаболизмот – основач проф. д-р А. Плашевски (1975). Клиника за гастроентерохепатологија – основач проф. д-р П. Давчев (1975). Клиника за кардиологија – основач проф. д-р Р. Перчинковски (1975). Клиника за нефрологија – основач проф. д-р Д. Хрисохо (1975). Клиника за пулмологија и алергологија – основач проф. д-р Љ. Котевски. Клиника за ревматологија – основач проф. д-р Б. Гучева (1975). Клиника за токсикологија и ургентна интерна медицина – основач асис. д-р Б. Поповски. Клиника за хематологија – раководител проф. д-р Т. Стојчевски (1975). Клиника за детски болести – основач доц. д-р Х. Манчев (1947). Клиника за инфективни болести & основач прим. д-р Р. Брезјанин (1947). Клиника за кожни и венерични болести – основач проф. д-р Е. Хамершмид (1947). Клиника за неврологија и психијатрија – основач проф. д-р Б. Никетиќ (1947). Клиника за психијатрија – сепарирана од заедничката Клиника за неврологија и психијатрија (1993), основач проф. д-р Г. Чадловски. Клиника за хируршки болести – формирана со трансформација на Хируршкото оделение при бившата Земска болница во Хируршка клиника при Мед. ф. (1947). Во 1955 г. се формираат 6 одделенија, кои во 1983 прераснуваат во посебни клиники. Клиника за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) – основач проф. д-р В. Андонов (1983). Клиника за абдоминална хирургија – основач проф. д-р К. Серафимов (1983). Клиника за детска хирургија – основач прим. д-р Љ. Кирков (1983). Клиника за неврохирургија – основач проф. д-р Ј. Угриновски (1983). Клиника за пластична и реконструктивна хирургија – основач доц. д-р Д. Мирчевска (1983). Клиника за торакална и кардиоваскуларна хурургија – основач проф. д-р Д. Кафтанџиев (1983). Клиника за трауматологија – основач прим. д-р Д. Жераиќ (1983). Клиника за урологија – основач доц. д-р И. Влашки (1983). Клиника за гинекологија и акушерство – основачи д-р Г. Симитчиева и проф. д-р М. Бериќ (1947). Клиника за очни болести – основач доц. д-р Алфред Лудвиг и д-р С. Савевски (1947). Клиника за уво, нос и грло – основач проф. д-р П. Здравев (1947). Клиника за ортопедски – основач проф. д-р Ѓ. Сушец (1956). Бр. Н.