КАФТАНЏИЕВ, Димитар Христов

КАФТАНЏИЕВ, Димитар Христов (Струмица, 8. XI 1926) – хирург, редовен проф. на Мед. ф. Извршил први операции на отворено срце во РМ. Бил директор на Хируршката клиника (1976-1982) и Клиниката за тораковаскуларна хирургија (1963-1987) и продекан на Мед. ф. во Скопје (1970-1972). Објавил над 100 научни и стручни трудови и две книги. БИБ.: Рак на дојката, Куманово, 1996; Хирургија на тиреоидеја и паратиреоидни жлезди, Куманово, 1999. Ал. Ставр.