КАТАРЏИЕВ, Иван

КАТАРЏИЕВ, Иван (с. Плоски, Светиврачко/Санданско, Пиринскиот дел на Македонија, 6. Ⅰ 1926) – историчар и политичар, специјалист за минатото на македонскиот народ во ⅩⅠⅩ и ⅩⅩ в., член на МАНУ. Завршил гимназија во Свети Врач. По Ослободувањето на Македонија, со група младинци бил испратен на студии во Скопје (1946), каде што дипломирал на Филозофскиот факултет – Група историја (1951). Бил главен и одговорен уредник на в. „Пирински глас”, професор во Гимназијата „Ј. Б. Тито” во Скопје (1951–1953), избран во ИНИ (1953–1967) за асистент, стручен соработник (1956), виш стручен соработник (1959), по докторирањето на темата „Серската област (1780–1879), економски, политички и културни преглед” (1959) избран за научен соработник, виш научен соработник (1965), а подоцна е избран и за научен советник (1973). Член е на Извршниот совет на СРМ и народен пратеник (1967), подоцна директор на НУБ „Свети Климент Охридски” (1973). Бил член на Редакцијата на тритомната Историја на македонскиот народ (1969). Избран е за редовен член на МАНУ (27. Ⅴ 2003). Автор е на над 30 монографии и зборници на документи. Во богатата општествено-политичка активност бил член на Општинскиот комитет на СКМ на Општината Кале во Скопје, претседател на Сојузот на друштвата на историчарите на Македонија, член на Советот на Институтот за национална историја, претседател на Комисијата на ЦК на СКМ за меѓународни односи и соработка со работничките и другите прогресивни движења, претседател на Матицата на иселениците, пратеник во Републичкото собрание и во Соборот на народите на Сојузното собрание и одново член на Извршниот совет на СРМ. По осамостојувањето на РМ е член на ЦО на СДСМ. БИБ.: Ајдутското движење и Карпошовото востание во ⅩⅤⅠⅠⅠ век, Скопје, 1958; Серската област (1780–1879). Економски, политички и културен преглед, Скопје, 1961; Серскиот округ од Кресненското востание до Младотурската револуција, Скопје, 1969; Време на зреење. Македонското национално прашање меѓу двете светски војни 1919–1930, И-Ⅱ, Скопје, 1977; Кресненското востание 1878, Скопје, 1978; Тхе Мацедониан уприсинг ин Кресна 1878, Скопје, 1980; Борба за развој и афирмација на македонската нација, Скопје, 1981; Илегалниот печат на КПЈ во Вардарска Македонија меѓу двете светски војни, т. 2, кн. 2, Скопје, 1983; Борба до победа, И–ИВ, Скопје, 1983; Документи и материјали, том И, кн. 1, 1919–1920 и кн. 2, 1921-1941, Скопје, 1985; По врвиците на македонската историја, Скопје, 1986; Внатрешна македонска револуционерна организација (ВМРО), Скопје, 1990; Македонската национално-политичка мисла меѓу двете светски војни. Прилози, Скопје, 1991; ВМРО (Обединета). Документи и материјали, кн. 2, Скопје, 1993; Сто години од формирањето на ВМРО – сто години револуционерна традиција, Скопје, 1993; Македонската политичка емиграција по Втората светска војна, Скопје, 1994; Македонија и Македонците во светот, Скопје, 1996; Соседите и Македонија, Скопје, 1998; Македонија спроти Втората светска војна, кн. И, Скопје, 1998; Македонија спроти Втората светска војна. Летопис за политиката на денационализација на македонскиот народ, Скопје, 1999; Историја на македонскиот народ, том Ⅳ, Македонија меѓу Балканските и Втората светска војна (1912-1941), Скопје, 2001; Италијански дипломатски документи, Скопје, 2001 (со коредактор); Мацедониа анд итс неигхбоурс, паст, пресент, футуре, Скопје, 2001; Македонија во ⅩⅩ век. Македонија сто години по Илинденското востание, Скопје, 2003 и 2 изд. 2006; Македонија во ⅩⅩ век. Разговор со историјата, Скопје, 2006; Македонија спроти Втората светска војна, Скопје, 2006; Македонската емиграција во Бугарија 1944–1950, Скопје, 2008. С. Мл.