КАРГОВСКА-КЛИСАРОВА, Аница Димкова

КАРГОВСКА-КЛИСАРОВА, Аница Димкова (Скопје, 30. Ⅰ 1933) – анатом, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје (1986). Дипло-Аница Карговска-Клисарова мирала медицина во Скопје (1961), а докторирала во Белград за супракоронарните миокардни снопови и нивното влијание на коронарните артерии (1972). Ги ис-тражувала типовите на дистрибуција на коронарните артерии и развојните малформации на срцето. шеф на Катедрата по анатомија и директор на Институтот за анатомија (1988-1998). БИБ.: Рака и граден кош, Скопје, 1981; Нога, Скопје, 1982; Атлас на ЦНС, Скопје, 1993; со соработници: Глава со врат, Скопје, 1984, 2000; Остеологија, Скопје, 1992, 2000; Абдомен, Скопје, 1993; Зглобот на рамото, Скопје, 1997; Номина анатомица, Скопје, 2000; коавтор: Анатомски атлас, Београд, 1976; Остеологија, Београд, 1981; Општа анатомија, Скопје, 1983; Анатомија на ЦНС со сетила, Скопје, 1987, 1998; Медијастинум, Београд-Загреб, 1990; Карлица, Скопје, 1993, 2001.ЛИТ.: Билтен УКИМ, бр. 580. К. К.-П. КАРДАЛЕВ, Петар Дамјанов