ИНИ

ИНИ (1957), бил на истражувачки престои во Белград, Загреб, Софија, Москва, Ленинград и Париз. Со реферати учествувал на голем број научни собири во земјата и во странство. Бил член на разни редакции, главен уредник на сп. „Гласник“ на ИНИ и директор на ИНИ (1986 до пензионирањето на 1. Ⅳ 1987). Тој е еден од коавторите на првата „Историја на македонскиот народ“ (Скопје, 1969) и ги приредил одбраните дела од Анастас Митрев и Димо Хаџи Димов. Бил член на Републичката комисија за културни врски со странство и на Југословенскиот национален комитет за балканологија, делегат од Југославија во Меѓународното биро на АИЕССЕ, член на Комисијата за југословенски прилози во Историјата на културниот и научниот развиток на човештвото на УНЕСКО и др. Бил избран за дописен (22. ⅩⅠⅠ 1976) и редовен член (24. Ⅺ 1981) на МАНУ. Објавил голем број научни трудови и собрани дела во пет тома (1987). БИБ.: Учителското движење во Македонија (1893–1912), Скопје, 1962; Политичките партии и организации во Македонија (1908–1912), Скопје, 1965; Младотурската револуција и Македонија, Скопје, 1968; Јане Сандански, Скопје, 1968; Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969 (со коавтор); Националното прашање во македонското ослободително движење, Скопје, 1974; Илинденското востание во Македонија во 1903 година, Скопје, 1978; Македонија и Македонците во годините на Источната криза 1876-1878, Скопје, 1978; Димитар Влахов, Живот и дело, Свечен собир посветен на Димитар Влахов, Скопје 1979; Хисториа е популлит Маљедонас, Схкуп, 1983. Внатрешната македонска револуционерна организација и неоврховизмот (1904-1905), Скопје, Јане Сандански (1872–1915), Скопје, 1985; Македонското ослободително дело во ⅩⅠⅩ и ⅩⅩ век, Скопје, 1987: том 1. Националното прашање во македонското ослободително движење (1893–1903); том 2. Илинденското востание; том 3. Внатрешната македонска револуционерна организација и неоврховизмот (1904–1908); том 4. Политичките партии и организации во Македонија (1908–1912); Јане Сандански, Битола, 1988; Македонија на Балканот ⅩⅣ-ⅩⅩ век, историографски координати, Скопје, 1989; Јане Сандански и мис Стон, Скопје, 1992; Македонија и Балканот во петроградското списание „Современик“(1912–1913), Скопје, 1995; Македонското движење во Западна Европа во 1903 година, Документи, Скопје, 1995. ЛИТ.: 50 години Институт за национална историја 1948-1998, Скопје, 1998, 68–77; Манол Пандевски 1925–1998. Споменица, МАНУ, 1998. С. Мл. ПАНДЕСКИ, Никола Борисов